Дизелот повторно најевтино гориво
Повторно се ревидирани цените на горивата од страна на РКЕ. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50
ден/лит, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поевтинува за еден денар. Од полноќ ќе важат следните малопродажни цени:
ЕУРОСУПЕР БС-95 81,00 ден/лит,
ЕУРОСУПЕР БС-98 83,00 ден/лит,
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 80,50 ден/лит.


