Ограничената серија од 99 примероци наменета само за европскиот пазар
Додавката Ice Race Edition е наменета за лимитираната серија на Audi RS e-tron GT.
Моделот речиси е идентичен со концептот претставен годинава во мај по повод 40 годишнината на Audi Sport GmbH. Именуван по познатата трка на мраз што се одржува секоја зима во Цел ам Зе во Австрија, Audi RS e-tron GT Ice Race Edition, од концептот се разликува по сребрената металик боја на каросеријата што го симболизира снегот и алпскиот амбиент.
Целата каросерија е завиткана со фолија што го имитира сјајот на снежните кристали и ледените езера, додека виолетовите акценти околу маската се инспирирани од очила за скијање. Можеби делуво премногу нападно, но несомнено ќе биде по вкусот на поклониците на спортското одделение на „Господарот на прстените“ и колекционерите бидејќи од специјалното издание ќе бидат произведени само 99 возила.



