Најстариот сообраќаен знак
Кршењето на кралското правило носеше парична казна, но и ризик од прогонство
За да се спречат кавгите и расправиите меѓу кочијашите и луѓето, често богати и битни, што се возат во кочиите, португалскиот крал Педро II во 1686 година заповедал во Лисабон да се постават 24 табли со важно правило. Заради тоа што улиците биле тесни и стрмни, со него тој одредил оној кој се качува по нагорницата према дворецот има предност над оној што се симнува, кој морал да се тргне настрана и да почека за да помине. Таблата која е на фотографијата е единствена преостаната и се наоѓа на ѕид од една куќа во стариот дел од градот, населбата Алфама. Таа се смета за најстариот сообраќаен знак на светот. До нејзиното поставување односно воведувањето на кралската наредба за тоа кој има предност да помине довело тоа што се случувало расправиите да завршат и со повлекување оружје. Кршењето на ова правило подразбирало парична казна, но и ризик од прогонство во колонизираниот Бразил.


