Како е можно вакво нешто?
На дно на едно езеро во Мајами откриени десетици потопени автомобили
Во потрага по одамна исчезнати луѓе, на дното на езеро во едно од предградијата на Мајами нуркачи волонтери откриле дури 32 потопени автомобили. Според полициски извори поголем дел од нив се постари од две децении и веројатно таму лежеле подолго време. Се претпоставува дека се поврзани со криминални дејности и завршиле таму за да се скријат трагите и уништат доказите. Постои можност и за манипулација со осигурувањето, како и дека биле украдени за крадците едноставно за забава да се повозат со нив и потоа фрлени во езерото. Како и да е, се поставуваат бројни прашања кои тешко дека ќе добијат одговор, меѓу кои најважното е како е можно вакво нешто?
Ако е за утеха, Флорида е преполна езера – ги има преку триесет илјади.


