Нема доволно литиум за сите планирани електрични возила

Се залета ли светот со електрификацијата?

За да се задоволи побарувачката недостасуваат стотици рудници

Поставените цели на автомобилската индустрија и владите се недостижни – тоа е заклучокот  на една студија на аналитичката куќа Benchmark Source која проценува дека за обезбедување доволно литиум за електричните возила до 2030 година треба да се вложат меѓу 54 и 116 милијарди долари, а уште поголем проблем е трката со времето. Тие пари треба да се потрошат на нови и зголемување на капацитетите на сегашните рудници и постројки за преработка на рудата за да можат да се обезбедат 5,3 милиони тони литиум карбонат годишно колку што се проценува дека ќе бидат потребни, бројка што е за шест пати поголема од сегашното производство. Толку репроматеријал треба за да се добијат 7 TWh батерии колку што ќе имаат потреба производителите на возила, но сегашните прогнози велат дека ќе бидат достапни само 3,2 TWh.

Во индустријата на литиум доминираат Австралија, Чиле и Кина од каде доаѓа 90 отсто од светското производство. Најмногу резерви пак имаат Боливија, Аргентина и Чиле – околу 75% од светските.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER