Cadillac Celestiq – само небото е граница (5*видеа)

Распродаден 18 месеци однапред

Првобитно најавената цена од 300 илјади долари порасна уште

Cadillac започна да ги известува купувачите кои ја имаат нарачано електричната лимузина Celestiq дека можат да пристапат кон персонализирање на своите возила. Во исто време од компанијата стигна информација дека место првобитно најавените 300 илјади цената ќе стартува од 340 илјади долари, со забелешка дека во тоа не се вклучени транспортните трошоци, даноците и дилерската провизија.

Но тоа очигледно нема многу да влијае на заинтересираните купувачи бидејќи производството е распродадено 18 месеци однапред. Точниот број не се знае, но Cadillac ќе произведува најмногу по два примерока од Celestiq дневно. Затоа и од марката тврдат дека нема да постојат две идентични возила. Секое е биде дизајнирано според желбите на купувачот, со негово лично учество.

Големата луксузна лимузина направена на модуларната Ultium платформа на GM има пет  врати, два електромотора со вкупно по 600 KS и погон на сите четири тркала, а автономијата изнесува 480 километри. Во високотехнолошката кабина се наоѓаат повеќе екрани, вклучително и главниот од 55 инчи на арматурната плоча.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER