Lamborghini Revuelto распродаден до 2026 година (видео)

Електрификација вредна за коцкање

Според зборовите на шефот на компанијата Штефан Винкелман, Revuelto е распродаден сé до 2026 година

Првиот човек на Lamborghini Штефан Винкелман уште во април рече дека Revuelto има потенцијал да го надмине Aventador, кој за 11 години се продаде во 11.465 примероци. Дебело беше во право – приемот на електрифицираниот Revuelto ги надмина сите очекувања, посебно во САД. Според зборовите на Винкелман, коцкањето со електрификацијата вредеше – листата на нарачки е пополнета повеќе од две години однапред, така што секој што ќе изрази желба да го купи ќе мора да чека најмалку до 2026-тата. Тој уште додаде и дека за нив ова е знак дека не само што технологијата е прифатена туку и марката со неа е на највисоко ниво досега.

Плаг-ин хибридниот систем на Revuelto се состои од 6,5 литарски V12, нов осумстепен менувач со двојна спојка, литиум-јонски батерии и три електромотора. Има комбинирани 1.015 KS и забрзува до 100 km/h за  2,5 а до 200 за помалку од 7 секунди. Максималната брзина е поголема од 350 km/h.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER