Но дури после пет години
Иднината на чистокрвните бензински M3 и M4 е загрозена
Постои можност оваа генерација на M3 и M4 да биде последна со бензински мотор. BMW продолжува да ја шири електричната гама и еден ден тоа неминовно ќе се случи и со М-моделите. А бидејќи според животниот век на серијата 3 новата генерација се очекува во 2026-тата или 2027-мата а нејзините ултимативни изведби една година потоа, Баварците сакале или не мора да размислуваат за електричната иднина на М3 и М4. Такво нешто уште лани веќе е навестено, но само ако електричните верзии се покажат мерливо подобри од актуелните бензински бидејќи според интерните правила на BMW, секоја идна генерација на М-автомобил мора да ја надмине претходната. Така,логиката е јасна – М3 и М4 ќе бидат електрични само ако инженерите успеат да извлечат повеќе. А тоа во овој момент не е јасно дали може да се постигне. Но затоа кристално е јасно дека ќе нема и електрични и бензински верзии на било кој М-модел – или едното, или другото, никако двете, уште помалку хибрид.



