Батериите за идните електрични возила на Jaguar Land Rover ќе се произведуваат на домашен терен
Сопственикот на Jaguar Land Rover, индискиот конгломерат Тата, по долги преговори со британската влада, соопшти дека фабриката за батерии ќе се изгради на британско тло. Ове е поттик за автомобилската индустрија на која и треба домашно производство на батерии за да помогне да се обезбеди нејзината долгорочна иднина.
Фабриката ќе ги снабдува идните батериски модели на Jaguar Land Rover, вклучувајќи ги брендовите Range Rover, Defender, Discovery и Jaguar, со потенцијал да снабдува и други производители на автомобили, се вели во соопштението на владата. Производството треба да започне во 2026 година. Фабриката ќе има капацитет од 40 гигават часови, доволно за снабдување на околу половина милион возила годишно во зависност од големината на батериите.
Тата изјави дека фабриката вклучува инвестиција од 4 милијарди фунти, но владата одби веднаш да даде детали колава поддршка дала како дел од договорот. Според ВВС во прашање се стотици милиони фунти. Владата соопшти дека фабриката ќе отвори до 4.000 рабoтни места, а се очекува да се отворат дополнителни работни места во синџирот на снабдување. Најверојатно фабриката да биде изградена во Сомерсет, југозападна Англија, додека фабрикитеа Jaguar Land Rover во Велика Британија се со седиште во близина на Бирмингем, централна Англија.


