Експеримент за душа
SF90 XX Stradale ќе биде првиот Ferrari од XX програмата кој не е наменет за трки
Пред скоро две децении Ferrari стартуваше со XX програмата за да им понуди на избрани групи клиентите најнапредни и екстремни автомобили можат да се возат само на затворена патека. Успехот на оваа програма се надградуваше од година во година за сега, за прв пат, во нејзини рамки да се одлучи да биде понуден и автомобил кој може да се користи на јавни патишта. Изборот падна на SF90 Stradale, чиј тркачки карактер е отелотворување на перформансите. Кај посебната XX верзија неговиот плаг-ин хибриден мотор е засилен на вкупно 1.030 коњи, за чија идеална помагаат и трите електромотора, еден назад и два напред. Доработената аеродинамика му донесе фиксно задно крило и ги помести границите на можното.

Тоа ќе го дознаат само 799 купувачи кои веќе формираа ред за него, исто како и наредните 599 кои ќе ја чекаат неговата спајдер верзија. Тоа задоволство ќе ги чини 770 односно 850 илјади евра.


