BMW M GmbH – Потврди нова генерација на M5 Touring

Седмата генерација на BMW M5 Sedan веќе во фаза на интензивно тестирање, а офанзивата ќе биде продолжена со потентна караванаска изведба.

Љубителите на високо перформансни возила се радуваат на секоја „октанска“ верзија. Премиум производителите ја негуваат традицијата да претставуваат каравански изведби со раскошна сила. Таков е и BMW кој преку својата M GmbH подготвува изненадување за семејните тркачи. Појавувањето на М5 седан се очекува есенва, а адекватната верзија во караванско издание треба да доживее премиера идната година.

Исто како идниот М5 седан, и караванот ќе ги поседува типичните М перформанси засилени со зголемен комфор на долги патеки. За погонот се уште нема никаква информација, но сигурно е дека ќе има хибридизација. Првите прототипови на BMW M5 Touring во следните денови ќе започнат да се тестираат во урбаниот сообраќај и на патиштата околу Минхен.

Кога ќе се соберат потребните податоци следната фаза ќе се одвива на Нурбургринг – Нордшлајфе, патека што BMW ја користи за испитување на сите свои модели. Кога ќе се финишира со тамошните тестови со цел да се направи најдобра можна синергија на силата, потпирањето, амортизацијата и комфорот, M GmbH ќе ги објави податоците што сите со нетрпение ги очекуваме.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER