На есен ќе биде лансиран ревидираниот E-308 со помоќниот мотор од 115 kW
Ажурирањата кај електричните автомобили стануваат се почести. Со цел да остане актуелен Peugeot за Е-308 обезбеди посилен мотор со кого популарниот компакт ќе има автономија до 412 километри.
Наречен „Прво издание“ тој се заснова на највисокото ниво на опременост GT и се испорачува во бела боја. Моделот, меѓу другото, има специјален тапацир за седишта изработен од триматеријална ткаенина со украсни шевови во зелена боја и предни потпирачи за глава со знакот на марката.
Покрај стандардните LED матрични фарови се нуди грење на волан и бројни системи за помош. Новиот Peugeot E-308 ќе се произведува во Франција, а ќе се испорачува од септември.


