VW ID Buzz – Проширување на модерната класика

Следната пролет на европскиот пазар доаѓа верзијата со продолжено меѓуоскино растојание

Во својата историја VW има неколку иконски модели што го обележија своето време. Електрификацијата налага нов пристап, но секогаш е интересна кога ќе се помеша со традицијата.

Таков пример е VW ID Buzz, електричната интерпретација на некогаш многу популарниот Bulli. Една година по комерцијализацијата од Волфсбург ја најавија неговата втора изведба со продолжено меѓуоскино растојание.

Очигледно дека ID Buzz има потенцијал да стане одлично продаван модел па изгледот е задржан но за оваа прилика има три реда седишта, повеќе простор во внатрешноста и зголемен багажник благодарение на проширувањето од 25 сантиметри.

Кога ќе дојде на пазарот, идната пролет, ќе се нуди во патничка и товарна верзија.  Долгиот ID Buzz се нуди со две големини на батерии, 77 kWh и 85 kWh. И додека актуелната верзија се нуди со електричниот мотор од 150 kW, продолжената каросерија ќе биде домаќин на потполно новиот мотор со 210 kW.

Спринтот од 0 до 100 км/ч ќе трае само 7,9 секунди додека максималната брзина се искачува од 145 на 160 км/ч. Помоќниот мотор ќе се користи и во кратката ID Buzz во иднина. VW веќе зборува за други изведби. Како почетен мотор, ID Buzz Cargo ќе има пригушена верзија на сегашниот мотор на 125 kW, а ќе биде достапен и со мала батерија од 63 kWh.

Најсилна изведба ќе биде верзијата GTX со 250 kW која ќе спринта до стотка за 6,4 секунди. Корисничкиот интерфејс и инфозабавниот систем прават технолошки скок. Големиот централен екран е реструктуиран и, за прв пат, има екран кој ги проектира податоците за возилото на шофершајбната.

Покрај тоа, има голем електрохроматски панорамски покрив кој може да се затемни, а големиот, среден страничен прозорец може да се нарача со мал отвор на прозорецот. Многу е извесно дека подоцна ќе се понуди и камперска варијанта која, најверојатно, би можела да се нарече Калифорнија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER