Увозникот на Citroën овозможува сервисни погодности за сите корисници на „двојниот шеврон“
Јуни започнува сончево за сите возачи на Citroën во Македонија. Во својата дистрибутивно-сервисна мрежа низ државата, oд денеска па до крајот на месецот, Автонова изготви сервисна акција со големи погодности за возачите на Citroën. Акцијата се однесува за набавка на резервни делови и нивно вградување во овластената сервисна мрежа на Citroën. Со овој потег Автонова одобрува попуст во висина од 15 проценти за набавка на амортизери, свеќички и греачи. На тоа се одобруваат уште 20 проценти попуст за работна рака. За поединостите обратете се во овластените сервиси на Автонова. Летото и безгрижните одмори за „ситроенџиите“ може да започнат!


