Stellantis – Ајзенах се подготвува за новиот модел на струја

Инвестиција од 130 милиони евра

Модернизацијата на фабриката за остварување на зацртаните цели

Групацијата Stellantis ја подготвува најмалата фабрика на Opel за производство на новиот електричен модел, наследник на Grandland. Тој ќе биде поставен на новата STLA Medium платформа, а производството треба да започне во втората половина на 2024 година. Со овој потег „молњата од Руселсхајм“ е на чекор поблиску до својата заложба до 2028-та целата гама да биде потполно електрична.

Во Ајзенах Opel произведува автомобили од 1992 година и за овој период монтажната лента ја напуштија повеќе од 3,7 милиони возила. Во моментот таму се произведува моделот Grandland и неговата верзија со  приклучен хибрид.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER