Малиот Годзила
Иако кросовер не е најдобар избор за тркачки автомобил, Honda на предизвикот одговори со креирање на уникатна комбинација.
Инженерите на перформансното одделение на јапонската марка во каросеријата на CR-V вградија механика која е на ниво на инди-кар. Нивни амбиции е тој да биде лабораторија на тркала која ќе ги демонстрира потенцијалите на својата хибридна природа.

Каросеријата значително е проширена, назад е поставен масивен спојлер а вратите се отвораат на подигнување. Срцето му е 2,2 литарско твин-турбо во V6 формација и работи на биогориво. Заедно со двата електромотора на сите четири тркала испраќа импресивни 800 коњски сили, кои ќе му обезбедат засега непознати перформанси. Не е објавено ниту дали постојат некакви конкретни планови за настап на спортски настани.


