Невољи во рајот
Принудно паркиран Бета системот за целосно самостојно возење
Системот Full Self-Driving Beta за автономно возење кого Tesla го наплаќа 15.000 долари е отповикан поради проблемите кои би можеле да се случат при негово користење.
Функцијата позната како FSD Beta (Full Self Driving Beta) може да им овозможи на возилата на Tesla да ги надминат ограничувањата на брзината, да се движат вон законските ограничувања или на се однесуваат на непредвидлив начин што го зголемува ризикот од судар, соопшти Националната агенција за безбедност на сообраќајот на патиштата на САД.
Ова сознание го натера производителот на автомобили да повлече речиси 363.000 возила. Функцијата за автономно возење FSD Beta е наведена како функција за поддршка за возачите кои остануваат одговорни за управување со нивниот автомобил во секое време.
Агенцијата наведе повеќе примери кои укажуваат за пропустите во реагирањето на софтверот, како што е продолжување право низ крстосница додека сте во лента за вртење, влегување во крстосници контролирани со знак за застанување без целосно запирање и продолжување со движењето без претпазливост на крстосници за време на постојано жолта сообраќајна сигнализација. Tesla во својот извештај наведе дека очекува да овозможи софтверска поправка преку воздух на своите возила во наредните недели.


