Ориентиран кон класичен дизајн?
Volkswagen на целосно електричната верзија на теренецот Tiguan му подготвува поинаков дизајн од сегашните модели со батерии
Иако уште е рано да се потврди, Volkswagen најави дека новата генерација на Tiguan, која ќе биде на електричен погон, визуелно ќе биде тесно поврзана со сегашната форма за да им се допадне на клиентите на кои не им се допаѓа дизајнот на моделите ID.
Ова беше соопштено при посетата на германскиот канцелар Олф Шолц на компанијата, прва на еден канцелар по 15 години. Електричниот Tiguan ќе биде првиот модел на VW кој ќе ја користи електричната платформа што е во развој наречена MEB+. Електричниот Tiguan, кој би можел да се нарече ID Tiguan, ќе се базира на третата генерација на ова возило чие лансирање е закажано за годинава, додека целосно електричната верзија ќе се промовира во 2026 година.
Новиот главен дизајнер на VW, Андреас Минд, кој доби прекоманда во Волфсбург од Бентли ќе биде одговорен за имплементација на дизајнот. Електричниот Tiguan ќе се произведува во фабриката во Волфсбург каде годинава ќе започне склопувањето на електричниот хечбек ID.3. Што се однесува до него тој ќе продолжи да се произведува и во фабриката во Цвикау.


