Ford F-150 Lightning EV – производството и испораката на пауза

Можни проблеми со батеријата

Ford тврди дека проблемот не влијае на моделите кои се веќе во употреба, но спроведува интерна истрага

Ford привремено го прекина производството на целосно електричниот F-150 Lightning како резултат на можен проблем со батерискиот пакет. Покрај прекинот на производството, компанијата ја стопираше и испораката на пикапот. Иако причината за проблемот сè уште не е објавена, потврдено е дека е идентификуван потенцијален проблем при интерните инспекции за квалитет пред испорака.

Портпаролот на Ford рече дека инженерскиот оддел во моментов го истражува проблемот, за да ја открие неговата основна причина. Во моментов не е дадена временска рамка за тоа кога производителот на автомобили може да го рестартира производството. Засега не се пријавени било какви инциденти на терен кои произлегуваат од ова прашање. Иако производството и испораките се стопирани, производителот тврди дека потенцијалниот проблем не влијае на примероците кои веќе се испорачани на клиентите. Еден од клучните столбови во напорите на Форд за електрификација е F-150 Lightning кој беше полн погодок за компанијата која е неколку години пред своите ривали од Детроит со својот електричен пикап.

Сепак, ова не е прв проблем што Ford го имаше со своите електрични возила во Америка. Лани ја стопираше продажбата на Mustang Mach-E и повлече речиси 50.000 примероци како резултат на дефект што може да предизвика губење на движечката моќ. Извршниот директор на Ford, Џим Фарли, проблемите со квалитетот ги наведе како причина што компанијата изгуби 2 милијарди долари во 2022 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER