Дизелот поскапува, бензините куртулија
Можеби малку чудно, но со најновата одлука на Републичката комисија за енергетика дизел горивото поскапува и тоа кога нема силно оправдување. Симболичните половина денар по литар не се многу како износ, но придонесуваат дизелот да остане најскапо конвенционално гориво и од полноќ неговата цена ќе биде 81 денар по литар. Ббензините нема да ја сменат цената.
ЕУРОСУПЕР БС–95 76,00 ден/лит,
ЕУРОСУПЕР БС–98 78,50 ден/лит,
ЕУРОДИЗЕЛ (Д–Е V) 81,00 ден/лит.


