Дивиот електричен коњ ќе галопира низ Македонија
Увозникот за Ford за Македонија, Ми-Да Гранд Моторс ја прошири понудата на возила на „синиот овал“. Во Македонија пристигна првиот комплетно електричен спортски автомобил на Ford со високи перформанси, Mustang Mach-E. На официјалната презентација , присутните се запознаа со овој легендарен модел кој претставува историски доказ за развојот на автомобилизмот и преминот во ерата на електрични автомобили.
Mustang Mach-E се дефинира како комплетно електричен компактен кросовер кој носи батерија од 98.8 kWh и овозможува возење дури до 540 км со едно нејзино полнење кое може да се изврши во домашни услови и на брзи полначи до 150kW. Името, Mustang Mach-E е инспирирано од првиот Mustang модел кој се нарекувал Mach-1. Брендот Ford како пионер во автомобилската индустрија продолжува со својата електрификација во Европа каде, до 2024 година, се планира да се лансираат девет комплетно електрични модели.
Како официјален импортер и сервисер, Ми-Да Гранд Моторс ќе продолжи да ги обезбедува најновите современи автомобилски решенија за клиентите во Македонија”, рече Дритон Заири, генерален директор на компанијата. Присутните во автомобилскиот центар на бул. „Босна и Херцеговина” бр.1 се уверија во големиот број Ford достапни модели, за кој од компанијата истакнуваат дека во следниот период ќе може да се купат по промотивни цени.



