NamX HUV – Алтернативна визија за иднината

Нешто сосема ново

Можеби звучи преамбициозно, но луѓето кои стојат зад проектот NamX се сериозни – веќе постои можност за резервација на нивниот автомобил на футуристички алтернативен погон иако многу малку луѓе имаа слушнато нешто за него. Сега откако настапија на салонот на автомобилите во Париз тој број се зголемува благодарејќи на провокативно замислената погонска група која како гориво користи водород. Особеноста му е во начинот на неговото складирање – HUV како што е наречен овој кросовер има еден фиксен и дополнителни шест заменливи цилиндри, еден вид патрони. Сместени во задниот дел под подот на багажникот пристапот до нив е лесен преку посебен провиден панел. На тој начин дополнувањето на водород на места каде нема инфраструктура за тоа е крајно едноставно – замената на патроните трае триесетина секунди, а ќе се добие автономија од околу 800 километри.

Дизајнот го има потпишано Pininfarina, а замислено е ова купе да се нуди во две верзии – со 300 коњски сили и погон само на задните тркала и со интегрален пренос на вкупно 550 коњи кои би се добивале од две погонски единици. Тие би му обезбедиле јуришање до првата стотка за 4,5 секунди и максимални 250 километри на час. Другите важни спецификации уште не се соопштени, но затоа се познати цените кои ќе се движат меѓу 65 и 95 илјади евра. Француско-мароканската компанија која го има замислено овој кросовер планира да започне со негово производство во 2025 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER