Враќање на сцената со сиот арсенал
Smart е заедничко вложување помеѓу Mercedes-Benz и Geely.
Дизајниран од Mercedes-Benz и комбиниран со пионерски инженерски перформанси на SAE платформата на Geely, Smart прави нов почеток со моделот наречен #1 (Број еден), кој ќе дојде на пазарот во четири варијанти.
Необично за малиот градски каубој е што враќа на сцената како никогаш досега со зголемена тежина и, за оваа класа возила, невидена моќност. Електричниот кросовер сега на вагата покажува од 1,8 до 1,9 тони, но ќе биде „прв од нов вид интелигентно возило”. Верзиите Pro+, Premium и First Edition, ќе се нудат за околу 42.000 евра и со мотор сместен на задната оска кој произведува 200 kW!
Иако се произведува во Кина Smart останува во партнерство со Brabus изведба која би требало да чини околу 7000 евра повеќе, но за оваа скромна доплата се добива уште еден мотор на предната оска кој ја зголемува вкупната моќност на 315 kW (428 КС). Сите варијанти на Smart #1, вклучувајќи ја и Brabus, достигаат лежерни 180 km/h, но „фризираната“ верзија спринта од 0 до 100 km/h за само 3,9 секунди, во споредба со 6,7 секунди за моделите со заден мотор.
Со должина од 427 (Brabus 430) сантиметри, широк 182 сантиметри и висок 164 сантиметри, Smart #1 се вклопува во сегментот на подкомпактните кросовери. Сепак, според Јифенг Тан, менаџер за производи во Smart Europe, варијантата Pro+ веќе нуди карактеристики кои ги има само во високата класа. Број 1 во Европа ќе може да се нарача од 18 октомври.


