Уште од самиот почеток, 20 години ја нагласува својата исклучителна позиција со набилдани мотори.
Да ја прослави 20 годишнината Volkswagen на пазарот ја претстави изведбата Golf R со соодветен прекар „20 години“. Jубилејниот модел е на врвот на сето она што досега се појавило на пазарот како Golf. За оваа прилика дволитрениот четири цилиндерски турбо бензинец располага со 333 коњи ја „лови стотка“ за 4,6 секунди и достига максимални 270 km/h. Како и сите модели со подобрени перформанси од регалот со ознака „R“, Golf R влече корени од тркачката патека и се залага за трансфер на иновативни технологии во сериско производство. Во модусите на работа S и S+, седумстепениот DSG обезбедува забележителни повратни информации од менувачот и погонскиот склоп, а дополнително оптимизираното подесување на моторот пружа спонтани промени на оптоварувањето. Golf R 20 Years ќе се произведува само една година, колку ќе се одбележува јубилејот, а во Германија може да се нарача со почетна цена 59.995 евра.


