Opel- Квалитетот како императив

Громот сака да биде број 1!

Со новиот органиграм на набавка и производство во последните 12 месеци „руселсхајмскиот гром“ го зголеми квалитетот на своите производи за 25 %. Оваа вредност произлегува од интерно дефинираните стандарди за производство на производителот, како и од повратните информации од клиентите во првата година по купувањето. Неодамна лансираните модели на Opel Corsa и Opel Mokka демонстрираат првокласен производствен квалитет уште на самиот почеток – без разлика дали се работи за ефикасни мотори со внатрешно согорување или за возила на батерии. Во Opel и низ групацијата Stellantis си поставивме амбициозни цели за квалитет. „Сакаме да станеме број 1 помеѓу масовните производители“, изјави извршниот директор на Opel, Uwe Hochgeschurtz. Во германските фабрики во Руселсхајм и Ајзенах префрлањето на најновата платформа на Групацијата доведе до дополнителни подобрувања. Во седиштето на Opel само што започна сериското производство на новата генерација на Astra од каде ќе излезе од производната лента со германска прецизност. Сите верзии на Grandland се произведуваат во Eisenach според највисоките стандарди за квалитет. Ова е потврдено и со најновиот извештај на TÜV, во кој предводникот на кросоверите на Opel беше рангиран на одлично 11-то место од сите 128 прегледани модели.  Opel си постави за цел нула грешки. За да го постигне ова воведени се нови методи за анализа кои имаат предвидувачки ефект во производството. Покрај тоа, дилерите на Opel се вклучени во овој процес за да се добијат повратни информации кои се сфаќаат сериозно и се гледаат како можност за подобрување на квалитетот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER