BYD – Само со струја

Помалку иронично, но Кинезите стануваат лидери во електрификацијата!

Bild Your Dreams, или скратено, BYD потврди дека во понудата повеќе нема  модели со мотори на внатрешно согорување

Кинескиот гигант објави, но сé уште неофицијално, дека е првиот производител на возила на планетава што нема во понудата модели само со цилиндерски мотори. Ова дојде по објавата дека заклучно со март се произвело последното такво возило. Некои од моторите ќе заминат во заборав, а некои ќе бидат впарени со плаг-ин изведби. Големо внимание ќе се посвети на БЕВ за кои BYD има добра платформа и подготвен е да ја сподели со своите партнери во програмата за прекинување на производство на мотори на фосилни горива. Неодамна потпишан е протоколот зад кого, покрај Кинезите, стојат Ford, General Motors, Mercedes-Benz, Volvo и Jaguar Land Rover. Според него до 2040 година потписниците ќе прекинат да произведуваат било каков модел придвижуван од класичен мотор во било каква форма.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER