Alfa Romeo – Giulia & Stelvio Estrema

„Екстремистите“ се залагаат за традицијата!

Наконтени како само што ломбардијците знаат, најавена е нова интерпретација на Giulia и Stelvio.

Со умерена доза на чалам во седиштето на Alfa Romeo F1 Team преставени се едициите Estrema. На свеченоста одржана во Хинвил, Швајцарија, Alfa Romeo и Sauber демонстрираа дека синергијата ја продолжуваат преку сериски модели. Од април Giulia и Stelvio ќе ја понесат првата специјална серија што ќе се продава глобално. Estrema означува совршена комбинација на техничка префинетост и уживање во возењето. Спортските бандажи, 19 инчи кај Giulia и 21 инчи на Stelvio, клештите на сопирачките, браниците и натписот Estrema се единствените надворешни показатели на посебната едиција. Спортскиот изглед е пресликан во ентериерот со фурнир од јаглеродни влакна и обложен со Alcantara. Giulia и Stelvio Estrema се опремени со четири цилндерски мотори. Бензинецот има два литри од кои со помош на турбина пумпа 280 коњи, а двесте кубици повеќе има турбо-дизелот со 210 КС. Двата се споени со 8-брзински автоматски менувач и Q4 погон на сите тркала. За цената уште ништо не се кажува.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER