Што се белее во гората зелена?!
Првиот произведен Model Y Performance излезе од фабриката Берлин-Бранденбург
Четвртата гигафабрика на Tesla е и првата производствена локација на компанијата во Европа. Проектирана да обезбеди возила за сите пазари во регионот, германската фабрика има вкупна површина од над 227.000 метри квадратни и е изградена за две години.
Со полн капацитет, до 12.000 вработени, таму ќе произведуваат автомобили, батериски ќелии, батерии, електрични мотори, пластични делови, седишта, оски и многу повеќе. Со очекуван годишен производствен капацитет од 500.000 Model Y и производство на батерии со вкупна моќност до 50 Гигават часови, фабриката ќе биде најголемата постројка за електрични автомобили во Европа.
Во моментов вработени се повеќе од 3000 луѓе и нивната бројка ќе се зголемува во текот на годинава. Првите 30 произведени примероци во просек чинат нешто помалку од 64.000 евра перчејќи се со максимална брзина од 250 км/ч.

