Модена го слави вториот крос-овер

Тризабецот на Нептун повторно се најде на маска на спортско-корисно возило и се приклучи на првенецот Levante.

На прв поглед јасно е дека е постигната рамнотежа помеѓу разновидноста, елеганцијата, перформансите и иновативноста, гарантирајќи перформанси, удобност и безбедност во исто време. Овие карактеристики се комбинирани со теренски способности и бескомпромисно уживање во возењето. Каросеријата на Grecale долга е 4,85 метри и поставена е на меѓуоскино растојание од 2.901 мм. Естетските и перформансните норми кај Maserati се високи, па од самиот почеток претставени се три интерпретации што се разликуваат по силта на моторите и декорот на интериерот. Која од која постокмени нив ги задвижуваат четирицилиндричен бензинец потпомогнат со благ хибриден систем. Достапни во нивотата GT и Modena тие развиваат 300 и 330 КС. Специјалитетот е сочуван за врвната изведба Trofeo. Три литрениот V6 бензинец е базиран на моторот Nettuno поставен на MC20. Неговите 530 коњи се доволни  спринтот до стотка да трае помалку од четири секунди, а сказалката на брзинометарот да се протегне до 285 км/ч. Една година по комерцијалното лансирање треба да се појави потполно електричната верзија Grecale Folgore со 400V технологија, но нема никакви детали дали ќе биде употребена постоечка конфигурација на Stellantis или ќе биде модифицирана.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER