Со ново име во нова иднина!
Renault го претстави наследникот на Kadjar. Моментот беше искористен компактното спортско-корисно возило да се преименува во Austral.
Најконкурентната класа во автомобилската индустрија е популарниот сегмент „Ц“ или средната ниска класа. Во неа не постои марка која нема свој крос-овер, а Renault е долго време присутен и добро етаблиран. Со моделот долг четири и пол метри, марката сака да ја продолжи офанзивата во сегментот што започна со Arkana и Mégane E-Tech Electric. Името Austral е изведено од латинскиот збор „australis“ (југ). Сега се воведуваат новите принципи на дизајн на „сензуална технологија“ преку неговата заоблена силуета која стилски се совпаѓа со силните геометриски линии, структурните детали како микро-оптичката технологија што се користи на задниот дел. Надворешниот дизајн на целосно новиот Austral е атлетски, софистициран, елегантен и доаѓа во седум бои на каросеријата.

Таа е поставена на тркала од 17 до 20 инчи, од кои повеќето се изработени во форма на дијамант. Високотехнолошкиот кокпит на целосно новиот Austral е изграден околу големиот OpenR екран кој го комбинира дисплејот на инструментите на контролната табла од 12,3 инчи со вертикалниот мултимедијален екран од 12 инчи. Возачот може преку новиот 9,3″ Head Up Display да добие приказ на ветробранското стакло. За атмосферата во интериерот, во зависност од нивото на опременост, внатрешноста на целосно новиот Austral вклучува вистинско дрво, кожа, алкантара, обложен текстил и други материјали што се меки на допир.

Бројните практични прегради за складирање се наоѓаат низ внатрешноста и формираат приближно 35 литри простор за одлагање. Дарежливиот багажник има капацитет од 500 литри кај лесните хибриди, а кај верзиите само со мотор на внатрешно согорување 75 повеќе, а со соборување на задната клупа се отвора капацитет од 1.525 литри. За прв пат во возило на Renault, Austral доаѓа и во ексклузивна Esprit Alpine верзија за поспортски изглед. Подвозјето на Austral има две верзии.

Првата е наменета за онаа со погон на предните тркала и мулти линк за оние опремени со 4CONTROL Advanced за управување со четири тркала. Дизелите не се повеќе во понудата и нив ги заменија умерените хибриди. Нив ги има два. Основа е трицилиндерскиот турбо-бензинец од 1,2 литри. Во посилната верзија поврзан е со електричен мотор, литиум-јонска батерија од 1,7 kWh од 400V и развива комбинирана моќност до 146 kW.

Лесниот хибрид со 48V литиум-јонска батерија и стартер генератор е економичен и потрошувачката на гориво се одржува за 20% пониска од онаа на еквивалентен нехибриден мотор со согорување. Третиот избор е 1,3 литарски 4-цилиндричен бензински мотор со директно вбризгување и турбополнач кој е веќе достапен во избор на возила на Renault поддржан е од 12V литиум-јонска батерија, може да се пофали со 140 КС или 160 КС со автоматскиот X-TRONIC или со 140 КС со рачен менувач. Austral е вистинска ризница на електроника која во нај опремените изведби контролира 17 системи за асистенција на возачот. Новиот крос-овер на Renault ја започнува својата европска турнеја на есен, а кога ќе не посети уште не е планирано.


















