Светот на возилата се менува со забрзано темпо. Следејќи ги своите глобални амбиции американскиот специјалист за електрични погони Nikola го ангажира младиот ветеран Михаел Лохшелер за свој прв човек. Со моќната изведба на пик-апот Ranger Ford сака да се претстави во поинакво светло на европскиот пазар. Ве запознаваме со нови концепти на транспорт а од домашната сцена обезбедивме вистинска посластица. Ја тестиравме новата KIA Sportage со благ хибрид. Сето ова е проткаено со најновите случувања на автомобилската сцена…