Тестирањето ќе трае три години
Сакајќи да ја олесни употребливоста на електричните возила Volvo развива систем за бежично полнење на батериите
Во период од три години, мала флота од целосно електрични автомобили Volvo XC40 Recharge ќе се користат како такси во Гетеборг. Тие ќе бидат дел од флотата на Cabonline, најголемиот такси оператор во нордискиот регион. За нив ќе се изградат посебни станици за безжично полнење во Гетеборг. Тестот за безжично полнење е еден од многуте проекти наведени во рамките на стратешката иницијатива Зелена градска зона Гетеборг која има за цел да постигне транспорт без емисија до 2030 година.

За таа цел одредени области во градот се користат како легла за тестирање и развој на одржливи технологии. Станиците за полнење се испорачани од Momentum Dynamics со моќност на безжичното полнење поголема од 40 kW. Полнењето започнува автоматски кога компатибилното возило се паркира над подлогата за полнење вградена на улица, овозможувајќи им на возачите удобно да полнат без да излезат од автомобилот. Овој проект ќе послужи како појдовна точка во омасувањето на технологијата на безжично полнење на електричните возила.

