Денар по денар…
објавено на 14 февруари 2022
Како онаа старата „камен по камен, кула”, така и горивата кај нас од недела во недела денар по денар поскапуваат и стигнаа до 82 денари за бензинот од 95 октани, два повеќе за оној од 98 октани и до 74 денари за литар дизел. Нашата регулаторна комисија за енергетика, како што е ред, излезе со прецизно срочено соопштение за корекциите на цените на горивата во кое се вели дека до тоа дошло заради зголемувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период кај бензинот во просек за 3,904% и кај дизелот за 2,740%, што дополнето со тоа дека доларот поевтинил за 1,804% произлегува дека кај нас цените на горивата во просек се зголемуваат за 0,60%, или конкретно бензините за еден а дизелот за половина денар…
До наредната недела кога нé очекува нова пресметка!


