Спортски предизвик
CF Moto има големи планови за оваа година.
Кинескиот производител на моторцикли и квадови влегува во класата 3 на Moto GP. Во форма на целосна логистичка подршка CF Moto е главен спонзор на саксонскиот тим на чело со Инго и Флоријан Прустел. Во шампионатот во класата Moto3 ќе настапат двајца 18-годишни Шпанци, Завиер Артигас и Карлос Татај се качуваат на машините од 250 кубика како тимски возачи. Поранешниот светски шампион во 125 кубици и возач на првата класа на ГП Том Лути е ангажиран како спортски директор. CF Moto е партнер за соработка на KTM во Кина. Нивните производи се достапни во европа, а од неодамна и кај нас. Палетата на мотоцикли наскоро ќе биде проширена со ендуро изведба. За повеќе информации посетете www.cfmoto.mk.


