Повеќе „пареа“ за крстосувачите

Шест комори за четири модели

За следната моделска година баварската подружница за моторцикли најави модификации на моторот за своите знаменосци. Шест цилиндерскиот мотор сè уште испорачува 160 КС, но избрусени му се параметрите.

Така, максималната сила ќе ја добива веќе при 6.750 врт/мин со што е за 1.000 вртежи порано отколку пред дотерувањето. Како дел од оптимизацијата за Euro 5 нормите, вртежниот момент се зголеми, а она што им е поважно на „капетаните на долга пловидба“ е новата контролата на влечениот вртежен момент на моторот за да се избегне прекумерно лизгање на задното тркало.

K 1600 GT, GTL, B и Gran America, исто така, ја добиваат најновата генерација на електронската шасија Dynamic ESA, целосни LED фарови со дневни светла и адаптивни светла за свиоци, како и нов 10,25-инчен TFT дисплеј во боја со интегрирана навигација. GTL и Grand America го имаат новиот аудио систем 2.0 ex works кој може да се нарача како дополнителна дополнителна опрема за другите два модели. Лансирањето на пазарот е планирано за март.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER