Домашната сцена побогата
Електричниот е-С4 и приклучниот хибрид С5 Aircross во Македонија
објавено 08. октомври 2021
Домашната сцена на електрични возила е мала и неразвиена. За таквиот статус има повеќе фактори кои едноставно не им одат од рака на електричните возила. За почит е храброста на одредени увозници што на располагање ја имаат целата гама, а на нив им се придружи Автонова со два модели. Првиот е потполно електричниот компакт С4.

Опремен со батерија од 50 киловат часови и електромотор од 136 коњи може да помине до 350 километри. Преставениот е-С4 е опремен во почетното ниво на опременост и чини 37.900 евра. За оние кои на прво место ја ставаат удобноста вистински адут е С5 Aircross опремен со приклучен хибрид. Тој ја комбинира работата на бензинскиот (180 КС) и електро моторот (110 КС) за да испорача заеднички 225 коњи. Поради тоа батеријата од 13,2 киловат часови сосема е доволна да ја погони каросеријата со нулта емисија на издувни гасови до 50 километри. Хибридниот кросовер се продава по цена од 41.990 евра. Повеќе информации за двете возила на www.citroen.com.mk


