Одбројувањето започна
Успешниот тандем од Марторел ќе се претстави за десет дена
објавено 07. април 2021
Едно од најтемпераментните остварувања во сегментот на мали автомобили несомнено е SEAT Ibiza. Во нејзината повеќе деценијска кариера се има наметнато како одлична солуција за сите кои го разбираат медитеранскиот менталитет. Ваквиот пристап ја направи привлечна за повеќето пазари во светот. Малку покасно се приклучи нејзиниот дериват Arona, која е кросоверска интерпретација на Ibiza. Нивната духовна поврзаност наметна редизајнот да се објави паралелно кај двата модели. Со првата фотографија ЅЕАТ не открива ништо, само нѐ поканува на 15. април да ја проследиме нивната медиумска промоција која ќе се одржи вирално.


