Дрифт со стил
Развиен за да пружи врвно возачко задоволство за разумна цена
објавено 06. април 2021
Поставувањето на моторот напред и погон на задните тркала е привилегија за малку марки, и за таквите модели треба да се платат големи суми пари. Со GR86 Toyota ја враќа во игра забавата во возењето и не крие дека е развиен врз основа на Subaru BRZ со што се развива пријателско ривалство.

Присутен на пазарот од 2012, GT86 продаден е во повеќе од 200.000 примероци и се користи во рели и дрифт натпревари, како и гимкани. За новата интерпретација изработена од тркачкото оделение направени се срамежливи интервенции на каросеријата и темелни освежувања во внатрешноста со апострофиран спортски изглед. Но рационалните Јапонци нагласуваат дека главниот зафат е во областа на мотористиката.
Зголемена е зафатнината на двигателот од два на 2,4 литри и смален е спринтот до стотка од 7,4 на 6,3 секунди! Зависниците од адреналин ќе забележат дека сега моторот одговара на командите без стрес, работи меко, додека ниското тежиште и зголемената торзиона еластичност најавуваат жешки маневри.


