Автомобил на годината во Европа
Toyota Yaris враќање на голема врата
објавено 01. март 2021
Женевскиот салон на автомобили не се одржува втора година по ред, но церемонијата за прогласување на Автомобил на годината во Европа не изостана. Според традицијата долга десет години, пред првиот новинарски ден се обзнануваше победникот на изборот што се одржува од 1964 година. Жирито го избра победникот од седум модели кои се пласираа меѓу финалистите во првиот круг на гласање. Годинешниот лауреат освои 266 поени, 26 повеќе од второ пласираниот FIAT 500 кој пак, за само еден поен го помина третопасираната Cupra Formentor.
Резултати од гласањето на седумте финалисти на „Автомобилот на годината 2021“:
Toyota Yaris: 266 поени
Fiat New 500: 240 поени
Cupra Formentor: 239 поени
Volkswagen ID.3.: 224 поени
Škoda Octavia: 199 поени
Land Rover Defender: 164 поени
Citroën C4: 143 поени


