Cupra Formentor – плагин хибрид

На електрични стероиди!

Комбинацијата на приклучен хибрид со бензински мотор го зголемува темпераментот

објавено 5. февруари 2021

Проширувањето на електрифицираните модели од Марторел се зголемува. Овој пат новородената премиум марка Cupra го нуди и Formentor како плагин хибрид. Со системска моќност од 245 коњи и вртежен момент на системот од 400 Nm, тој потегнува до стотка за седум секунди. Во однос на погонот, Formentor e-Hybrid комбинира 1,4 литарски TSI со електричен мотор од 85 kW (115 КС). Максималниот електричен опсег во „Е-режим“ е 58 километри според стандардот NEDC. Во зависност од изворот на напојување, батеријата може целосно да се наполни со наизменична струја од 2,3 kW за пет часа или на 3,6 kW напон околу три и пол часа. Cupra Formentor во хибридно издание има темпомат со автоматска контрола на раздалечинта помеѓу возилата, школкести спортски седишта и 10,25 инчен виртуелен кокпит како стандардна опременост.  За лансирање на пазарот одбрана е верзијата VZ што означува „veloz“ (брз на шпански) која е надополнета  со адаптибилна шасија, 19 инчи алуминиумски тркала, пакет за помош на возачот и поголем 12-инчен инфо-забавен екран со задна камера. Цената на оваа изведба на пазарот во земјите на ЕУ ќе биде околу 43.000 евра.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER