Лавот е крал на струјата!
објавено 01. февруари 2021
Трет пат по ред Peugeot освојува победа на уважениот натпревар за автомобил на годината Argus Trophy. Ова издание беше во знакот на доминацијата на електричните возила, а лауреат во категоријата електрично спортско-корисно возило е Peugeot e-2008. Тој им се придружи на браќата 208 и 508 кои беа прогласувани за автомобили на годината на истиот избор лани и во 2019 г. Електричните возила во секаква форма доживуваат бум на пазарот. Минатата година во Франција продажбата на 2008 ја надмина бројката од 66.000 примероци од кои 10% беа електрични верзии. Тие се поставени на новата платформа на РЅА за електрични возила со можност од 136 коњи и дострел преку 300 километри. Peugeot e-2008 собра најмногу поени во конкуренција на Audi e-Тron Sportback, Mazda MX-30 и Volvo XC40 P8. Оваа награда ја додели жири составено од 18 стручни новинари. Рангирањето се одредува според следниве критериуми: цена на ново возило, остаточна вредност, потрошувачка и услуги при употреба (квалитет, комфор, задоволство при возење и дизајн).


