Bentley – Bentayga Hybrid

Прво на штекер, па на пат!

Потежок од 2,5 тони Bentayga ќе може да помине 51 километар со нулта емисија

објавено 20. јануари 2021

После летниот фејслифтинг, Bentley започна и механички да ја обновува понудата на Bentayga. Согласно стратегијата во наредните пет години сите модели да бидат електрифицирани, ставен е акцент на постоечката плаг-ин хибридна варијанта која е подобрена. Главните параметри на погонската група останаа исти – трилитарски бензински V6 мотор и електромотор кои заедно испорачуваат 449 коњски сили и максимални 700 њутн-метри вртежен момент. Батериите и понатаму се со капацитет од 17,3 киловат-часа, но заради новата контролна единица сега овозможуваат електрична автономија од 51 километар. Тие има гаранција од 8 години или 160.000 поминати километри, а за целосно полнење се потребни 2,5 часа. На возачот на располагање му се три режими на возење, а само на струја може да се вози до брзина од 135 километри на час. Забрзувањето до сто на час трае 5,5 секунди, а максималната брзина е 254 километри на час. Цената сé уште не е соопштена, но се очекува на британскиот пазар да изнесува околу 140.000 фунти. Од Bentley тврдат дека просечната потрошувачка изнесува 3,3 литри на 100 километри а емисијата на јагленород диоксид 78 грама на километар. Сето друго е како и кај Bentayga со моторите со внатрешно согорување, што значи многу луксуз и напредни технологии. Меѓу нив покрај Apple Car Play, за прв пат е и Android Auto конективноста. Новост е и тоа што во понудата ги нема веќе дизелот и мастодонскиот шестлитарски W12 мотор во основната изведба, додека неговата посилна Speed варијанта останува.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER