Superveloce за Alpine A110

Инспириран од автомобил

објавено 14. декември 2020

Претставувањето на  новата лимитирана едиција на иконскиот италијански производител на моторцикли повлече паралела со уште една легенда, но на четири трклала. MV Agusta за преработката на Superveloce како инспирација го искористи Alpine A110 и ќе произведе само 110 примероци. Од двете страни се едногласни дека соработката произлегува од заедничката страст за дизајн и инженеринг кои побудуваат уникатни емоции. Superveloce Alpine е опремено со препознатливиот за MV Agusta три цилиндерски мотор од 798 ццм со 147 КС при 13.000 врт/мин и достига максимални 240 км/ч! Покрај супериорните возни својства, за двете марки е позната  страста за специфичните дизајнерски детали и материјали. Затоа на моторциклот се гледаат многу карбонски делови, а како означување на соработката помеѓу италијанската и француската марка вкрстени се знамињата на двете земји на предниот калник. MV Augusta се наоѓа во финансиски невољи од кои сака да се отргне што побрзо а брзата продажба на 110-те лимитирани примероци се очекува да донесе добра заработка. Во Италија нарачките се примаат по цена од 36.300 евра со вклучен Racing Kit.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER