Померување на границите

Повеќе сила, повеќе контрола

објавено 14. декември 2020

Од таборот на Jaguar го претставја новиот перформансен модел F-Pace SVR. Ова се очекуваше бидејќи неодамна беше обновено првото спортско-корисно возило на Британската грабливка. Кога еден модел на Jaguar носи ознака SVR тогаш е јасно дека се работи за перформансна изведба која има можности да ви предизвика аритмија и адреналински удар. Имено, од познатиот V8 мотор со надполнење се вадат 550 коњи и 700 Nm од пет литрена зафатнина. Со максимална брзина поголема од 280 км/ч, забрзување од стоење до 100 км/ч за четири секунди нуди перформанси како лутите тркачки изведби од Гејдон. Со ова стана најбрзото сериско спортско-корисно возило на куќата. Од конективните технологии се истакнува Pivi Pro инфо-забавниот систем кој веќе почна да жнее награди за своето едноставно користење и лесно поврзување. Во Обединетото Кралство F-Pace SVR ќе се продава со почетна цена од 79.000 фунти.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER