500.000 ”листови”
Десет години Nissan Leaf
објавено 10 декември 2020
Претседателот и извршен директор на Nissan, Макото Учида, им се заблагодари на купувачите на батерискиот електричен Nissan Leaf затоа што се постигнати одлични достигнувања. Со префрлување на електромобилност светот би можел да има одржливото општество. Првиот ”Лист” дојде кај дилерите пред десет години и до сега 500.000 примероци излегоа од производната линија. Nissan го произведува Leaf во Јапонија, САД и Велика Британија и се продава на 59 пазари ширум светот.



