Opel Corsa-е – Златен управувач

Продолжува победничкиот поход

Трета значајна награда за Corsa

објавено 5. ноември 2020

Електирчната верзија на Corsa му донесе ново признание во витрините на Opel освојувајќи ја една од најважните награди во германската автомобилска индустрија,  „Златниот управувач за 2020“. Corsa-е ги победи сериозните ривали и ја понесе првата награда во категоријата мали автомобили од страна на експертите и читателите на Auto Bild и Bild am Sonntag. Како и обично, победниците мораа да минат две пречки на патот до победата. Прво, читателите на Auto Bild и Bild am Sonntag ги избраа своите тројца фаворити во секоја категорија за финалето. Жирито од новинари, тркачки возачи и експерти за автомобили потоа го тестираа секој финалист на тркачката патека ДЕКРА-Лаузицринг, користејќи критериуми засновани на методот за тестирање Auto Bild. Со вкупно 3.221 поен, новата Opel Corsa-e на крај ја победи силната конкуренција во категоријата „мал автомобил“ пред Hyundai i20 и VW e-Up. Аргументите на Corsa-e се силни. Со 136КС и 260 Nm нуди одлична агилност заокружена со автономија до 337 км според циклусот на WLTP. Квалитетите на новата Opel Corsa први ги препознаа членовите на европското жири AUTOBEST доделувајќи ја титулата „Најдобар автомобил за купување на Европа за 2020“ (Best Buy Car of Europe 2020). Во Германија, Corsa ја освои компактната категорија „Компаниски автомобил на годината“. Auto Bild и Computer Bild и ја доделија „Наградата за поврзан автомобил за 2019“ на новиот модел на Opel. Corsa-e е 18-ти модел на Opel добитник на „Златен управувач“.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER