Историјски успех во Германија
Меѓу најпродаваните 10
објавено 5 ноември 2020
Електричните возила си го расчистуваат патот на пазарот и стануваат се пополурани, особено на пазарите каде има високо развиена инфраструктура и државни субвенции за овој тип возила. Се случи и тоа, прв пат во историјата на германскиот пазар на автомобили еден електричен модел успеа да влезе во друштвото на најпродавани во еден месец. И тоа му успеа на Renault со ZOE за кого статистичките податоци за регистрација во октомври успеаа да го доведат успешниот француски модел на 7-то место меѓу најпродаваните возила во Германија. На приватниот пазар, Zoe беше на второто место веднаш зад VW Golf.
Со 5014 регистрирани примероци во октомври, Renault Zoe оствари повеќе од 5000 нови регистрации во еден календарски месец за прв пат од лансирањето на пазарот пред седум години. Ова е исто така рекорд за електричен автомобил од сите брендови.


