Peugeot 2008 – Auto Europa 2021

Според сојузот на автомобилски новинари на Италија

Peugeot 2008 најдобар за 2021!

објавено 03 ноември 2020

Компактното спортско-корисно возило Peugeot 2008 е шестиот модел на ”лавот од елисејските полиња”  кој ја освои оваа престижна награда, откако  моделот 207 беше крунисан во 2007 година, 3008 во 2010 година, 208 во 2013 година, 2008 во 2014 година и 308 во 2015 година. Денес оваа награда е доделена на новата генерација на 2008, модел кој е исто така многу успешен на италијанскиот пазар каде веќе освои над 20.000 клиенти. За прв пат, покрај членовите на UIGA, на гласањето учествуваа одреден број на инфлуенсери, но и јавноста, кои овозможија да се одберат најдобрите од седумте финалисти. Наградата „Аuto Europa“ е наменета за водечки автомобил што е предодреден да стане еден од најголемите играчи на италијанскиот пазар за следната година избран меѓу 15 кандидати, произведен во Европа во најмалку 10.000 примероци. Новиот PEUGEOT 2008 се истакнува со својот особено иновативен и впечатлив стил. Неговото технолошко ниво достојно за повисоките сегменти и новиот иновативен PEUGEOT i-Cockpit 3D, го развиваат уште повеќе возачкото искуство. Подеднакво иновативен е и концептот „Power of Choice“, благодарение на кој е можно да се избере помеѓу 100% електричен мотор или од опцијата со внатрешно согорување.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER