Неизвесна иднината на салонот во Женева

Неизвесна иднината на салонот во Женева

Објавено на 29 јуни 2020 година

Откако западна во финансиска криза по неодржувањето на годинешното издание, сега е неизвесна и иднината на салон на автомобилите во Женева. Имено, фондацијата која го организира се обрати со соопштение за јавноста во кое информира дека се откажува од организација на настанот и идната година. Како причина за тоа се наведува дека поголем број од анкетираните потенцијални изложувачи изјавиле дека најверојатно ќе ја прескокнат и 2021-вата и повторно ќе планираат да учествуваат во 2022 година. Тоа секако е силен финансиски удар за организаторот, кој заради несогласување со условите го одби заемот добиен од кантонот Женева. Заради сето тоа,  манифестацијата најверојатно ќе биде продадена на Женевското сајмиште Palexpo.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER