И пешаците добија забрана за користење мобилен телефон!
Објавено на 7 јуни 2020 година
Се случи и тоа – за прв пат во светот некаде е донесена забрана и пешаците да користат мобилен телефон додека одат и ќе бидат казнувани за тоа. Така одлучи градскиот совет на Јамато во близината на Токио, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот бидејќи испитувањата покажале дека во нивниот град 12% од пешаците го прават тоа. Според студијата на еден јапонски мобилен оператор, видното поле на пешаците кога во рацете држат мобилен телефон и гледаат во него се намалува за 20 пати, на само 5 отсто во споредба кога се движат по улица со телефонот во џеб. Познати по својата деталност, Јапонците направиле компјутерска симулација што би се случило доколку 1.500 луѓе поминуваат преку познатиот пешачки премин Шибуја во Токио (на сликата горе) додека гледаат на своите телефони. Бројките се интересни – дури две третини од нив не би успеале да стигнат до другата страна без инцидент, предизвикувајќи 446 судири во кои 103 лица ќе бидат срушени на земја, а 21 ќе ги испуштат своите телефони. Доказ за тоа е и видеото.
Слична забрана досега постоеше само во Хонолулу воведена во 2017-тата, но таа се однесува само за оние кои пишувајќи СМС преминуваат улица. Во Кина пак, постојат специјално одбележани делови од тротоарот налик на велосипедските патеки по кои треба да се движат оние кои чепкаат по телефонот кога одат.
Видео



